Словенска митологија

0
748

Словенска митологија

Севишен – словенски бог, Космички Апсолут кој ги обединува сите богови и целата Вселена во една целина. Името на Севишниот е – ОУМ. Сите останати богови се манифестации (хипостаси) и субличности на Севишниот.

Што е хипостас?
Хипостас е – одредена функција (улога) во одреден временски интервал.
Тоа е најдобро да се објасни со аналогија. Човекот е човек. Но човекот зеде плуг – и постана орач, не престанувајќи да биде човек. Почна да сее – тој е сејач, почна да кова – тој е ковач, свири на гитара – тој е гитарист, чита книга – тој е читач. Орач, сејач, читач – тоа се хипостаси на еден ист човек.

Така се и сите богови хипостаси на Севишниот. Разликата е во тоа што, човекот не може истовремено да обавува повеќе работи и да биде истовремено и орач и бравар и пекар, додека Севишниот може.
Што се субличности на Севишниот?
Севишниот не е Апсолутно добро. Тој обединува се: и добро и зло, и љубов и омраза, и живот и смрт, и градење и рушење, и се, целиот Космос, сите богови. Тој е апсолутен. Тој е над поимите добро и зло. Доброто и злото за Него се само субличности, Негови средства за управување. За Севишниот злото е неизбежен елемент без кој не е можен хармоничен развој. Но Тој го следи односот на доброто и злото и циклично ја регулира таа состојба.
Сите богови – тоа се ’’раце’’ или ’’инструменти’’ на Севишниот, со чија што помош тој управува со светот. Но тие ’’потпори’’ не се пасивни, тие имаат сопствена слободна волја, тие се субличности на Севишниот. Затоа е невозможно да му се поклонува на Севишниот, не укажувајќи пат кон него, бидејќи тоа означува поклонување одеднаш на сите богови, вклучувајќи ја и Сатаната.
Можно е поклонување на Севишниот само преку конкретни начини, на пример преку светлите Богови:Сварог, Перун, Велес.

Род (аналогија му е Брахму во хиндуизмот) – во словенската митологија е првобитно изразување на Севишниот Апсолут, творец на целиот свет. До неговата појава целиот Космос се наоѓал во состојба на ’’непостоење’’ (во хиндуизмот таа состојба се нарекува Парабраман), т.е. немало ни богови, ни материја, ни простор, ни време, ни видлив, ни невидлив свет. Род е двополов бог, кој има во себе и машки и женски почеток. Род е татко на боговите, Род е и мајка на боговите. Потоа Род го издвоил од себе одвоениот машки почеток – богот Сварог, и женскиот почеток – божицата Лада. Од својот лик, Род го створил богот на сонцето, исто така и светата Крава Земун и козата Седун. Од нивното виме се разлеало млекото и така настанала нашата галаксија која до денес се нарекува – Млечен Пат. Род ја створил и Светската Патка, која изродила многу богови – демони.
Основна функција на Род е – раѓање. Тој учествува во сите раѓања, вклучувајќи го и раѓањето на секој човек. Оттука води потеклото на зборовите: родители, роднина, родина (татковина), народ, природа (при Род), плодород (плодови на Род), родник(извор), порода(раса), водород, јаглерод, кислород… Кога се раѓа човек, неговата намена се запишува во книгата на Род. Таа книга не се наоѓа на едно место, таа е разделена, таа е запишана во самиот човек, во секоја негова станица во вид на генетски код. Кога за новородениот човек Род ја пишува таа книга, половина од генетските информации ги зема од таткото на детето, другата половина од мајката (генетичарите тоа го нарекуваат наследство). А понекогаш Род додава нешто и од себе (генетичарите тоа го нарекуваат променливост). Кога кај човекот се појавуваат позитивни особини, кои не биле ни кај таткото, ни кај мајката, тогаш се вели: тоа е од Бог (а може да биде и од ѓаволот).
Јав – во словенската митологија Јав е реална хипостазија на битијата. Нејзината персонификација е објективен, реален, видлив, материјален свет, т.е. она што е надвор од човечката личност. Оттука потекнуваат зборовите ’’јавно’’, ’’јаве’’, ’’јавување’’, ’’појава’’…
Нав – претставува нереален, нематеријален, задгробен, невидлив, хипотетички свет. Душата на покојникот после смртта заминува во Нав(Рај). Етимологијата на зборот ’’рај’’ сеуште не е решена, но тој секако им бил познат на Словените, пред да го примат христијанството. Овој рај бил место на праведни и добри души, а местото каде што заминувале злите души се нарекувало П’кл’ (Пекол).
Прав – во словенската митологија Прав е потенцијално правилна хипостазија на битијата. Прав е состав на севкупни закони и правила, кои ги востановил Сварог, по кои што треба да живее правилно секој човек. Да се живее по Прав – тоа значи правилно мислење, правилно говорење и правилно работење. Оттука потекнуваат зборовите ’’правда’’, ’’исправен’’, ’’правила’’, ’’правилен’’, ’’праведен’’…

dreamer.86

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here