СМАРАГДЕН ТАБЛЕТ 1: Историјата на Thoth, Атлантидецот

0
346

l_788b18b61359d4472b3470144a5c6c8f

I, Thoth, the Atlantean, master of mysteries, keeper of records, mighty king, magician, living from generation to generation,...“туку што преминувам во Хол-от на Мудроста, ги одредувам упатствата за оние што ќе дојдат после мене, упатства темелени на древната мудрост на големата Атлантида…

Во моќниот град Keoro, на остовот Undal , во далечното минато, ја започнав својата инкарнација. Но не онака како што денешните инфериорни луѓе ги замислуваат животот и смртта на Атлантида.Станува збор за животот од еон до еон во кој го обновуваме својот живот во Хол-от на Мудроста, во кој реката на животот вечно плови напред…“

(Понатаму Thoth говори за своето детство, за стекнувањето со знаењето, големите потопи на Земјата; Храмот на Светлината на планината Undal; Неговиот пат заедно со следбениците од Атлантида до земјата Khem во Египет. Тие го дочекале непријателски, но Thoth им ги демонстрирал своите супериорни технолошки моќи и станал господар на египетските домородци).

„ Долго време живеевме во земјата Khem (древен Египет)…. растеше знаењето на Khem-овите деца кои ги освојуваа соседните земји и народи…. Подигнав висок премин над Хол-от на Мудроста. Само неколкумина се осмелија да го преминат порталот на Хол-от.Над Хол-от подигнав моќна пирамида користејќи ги моќите што ги надминуваат Земјините сили(гравитацијата). Длабоко во неа изградив комора; од таму започнува кружен премин кој води се до врвот. Тука поставив кристал, кој испраќа зраци во простор/време димензијата и се концентрира кон Хол-от на Мудроста.
Останатите простории кои ги изградив навидум се празни. Сепак, во неа е скриен Клучот за Хол-от на Мудроста. Оној кој ќе има храброст да се упати кон царството на темнината, најпрво ќе биде исчистен со долгогодишен пост; Ќе лежи во камен саркофаг. Дури тогаш ќе му ги откријам големите мистерии. Ќе му го покажам патот по кој ќе ме следи.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here