Смарагдните таблетки

0
329

smaragden-tablet

Пред неколку години се појави една МНОГУ НЕОБИЧНА книга:  „The Emerald Tablets od Thoth The Atlantean“. Станува збор за историјата на Смарагдните Таблетки чие авторство му се препишува на Thoth, врвниот свештеник на Атлантида.

Таблетите се стари 38 000 години. Откако Атлантида потонала, Thoth основал колонија во Египет. Ја изградил Големата Пирамида во Гиза (која погрешно му се препишува на Keops). Во неа ја оставил запишаната древна мудрост и тајната на Атлантида.

Преку 16 000 години владеел со древната раса од Египет, од 50 000 г. п.н.е. до 36 000 г. п.н.е. Во тоа време, барбарската раса која овде живеела, се подигнала на повисоко цивилизациско ниво, со помош на учењето од Thoth и неговите следбеници. Според земните стандарди Thoth бил бесмртен. Поточно, го напуштал своето физичко тело по сопствена волја.

Неговата мудрост и знаење, го направиле владетел на повеќе колонии од Атлантида, влучувајќи ги и оние од Јужна и Централна Америка.Кога дошло време да го напушти Египет, ја изградил Големата Пирамида точно над влезот во Хол-от на Мудроста („Great Halls of Amenti“). Поставил и стража за да го чува скриеното знаење. Во подоцните времиња, потомците на чуварите станале свештеници а тие Thoth го дефинирале како Богот на Мудроста. Тие наводно го прателе него по својата физичка смрт. Во легендите Хол-от на Мудроста станал подземен свет, свет на боговите, во кој се преселува душата по смртта и каде и се суди.

Во подоцните времиња Егото на Thoth се инкарнирало три пати. Последен пат бил инкарниран во Hermes. Тогаш ги оставил пишаните документи кои на модерните окултисти им се познати под името Смарагдни Таблетки, кои претставуваат поедноставна верзија на древните мудрости.

Интересен е нивниот пат до излегувањето на виделина по илјадници години .

Пред 2 300 години, древен Египет минувал низ тежок период. Многу делегации свештеници биле испратени низ разни делови од светот. Меѓу нив биле и чуварите на знаењето од Големата пирамида а со себе ги носеле Смарагдните Таблети како талисмани. Со нивна помош можеле да ја докажат својата супериорност над другите. Легендата вели дека чуварите го имале авторитетот директно од Thoth.

Една група свештеници отишле во Јужна Америка и таму ја пронашле напредната раса на Маите. Тие сеуште се сеќавале на древното знаење. Египетските свештеници останале да живеат со нив. Подоцна, во 10 век, Маите го колонизирале Yukatan. Смарагдните таблети биле сместени под олтар во еден од големите храмови посветени на Богот на Сонцето. По походот на конквистадорите (или поточно, нешто пред нив), градовите биле напуштени а духовното богатство останало заборавено.

Свештенството на Големата Пирамида, преку Големата Бела Лоза, му побарале на еден од своите членови да ги врати Таблетките назад. Тоа е направено во 1925 г. Пред да ги врати, му било дозволено да направи превод и да ја задржи неговата копија.

Дури по 70 години е добиена дозвола за објавување на некои делови.

Смарагдните зелени Таблети се формирани низ процес на алхемиски трансмутации. Атомската структура е фиксна, без можност за промена (на овој начин се негираат материјалните закони за јонизација). На нив се изгравирани карактери од древниот јазик кој го користел народот на Атлантида, а тие (карактерите) одговараат на фрекфенцијата на мисловните бранови;  Ослободуваат/формираат ментални вибрирации/слики кај читателот !

И како што Doreal претставник на братството, во воведот на книгата вели: „Читај, Верувај или не, но читај; Вибрациите што таму ќе ги пронајдеш ќе го разбудат одговорот во твојата душа.„

ВОВЕД

(Dareal): „Човечката желба за сознавање на законите кои го регулираат неговиот живот е бесконечна… Во тишината на материјалните сетила лежи клучот за откривање на мудроста. Оној што говори, не знае. Оној кој знае, не говори. Најголемото знаење не може да се пренесе, зошто тоа егзистира како ентитет кој ги надминува материјалните зборови и симболи .

Сите нешта во сите космоси се движат во склад со Законот. А Законот кој го регулира движењето на планетите е постојан исто како што е и законот кој го регулира материјалниот израз на човекот.

Еден од најзначајните космички закони е оној кој е одговорен за создавање на човекот како материјално суштество. Училиштата на сите времиња се обидувале да го одгонетнат законот кој го поврзува човекот како материјално и духовно суштество. Патот кон светлината, животот и љубовта, почнува на материјално ниво.

А преку духовното, пак, продолжува да се движи кон возвишената цел: Спојување со Универзалниот Ум/Свест.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here