SpaceX: Вака може да изгледа патувањето во вселената

0
653

Ако се сѐ одвива според планот, веќе во 2017 година астронаутите би требало да патуваат кон Меѓународната вселенска станица со летала на приватни компании. Една од нив е SpaceX на Елон Маск која во моментот го довршува изгледот на капсулата за екипажот, која драстично ќе ја измени перспективата на вселенските патувања.

Капсулата Crew Dragon изгледа како да е од некој научно фантастичен филм, а е опремена како кабина на луксузен автомобил. Во неа се наоѓаат седум седишта изработени од јаглеродни влакна и Алкантара кои гарантираат максимална безбедност и удобност.

Погледите на астронаутите ќе бидат вперени кон управувачката конзола и екраните со бројни информации. Покрај нив ќе има и четири прозорци за разгледување во текот на патот, како и климата што астронаутите ќе можат да ја прилагодуваат меѓу 18 и 27 степени Целзиусови.

Капсулата ќе има и безбедносен систем за спасување на екипажот во случај работите да не се одвиваат како што треба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here