Што ќе се случи доколку магнетното поле на Земјата исчезне ?

0
192
magnetosfera-na-zemjata-mystodonia

Што ќе се случи доколку магнетното поле на Земјата исчезне ?

magnetosfera-na-zemjata-mystodonia

Единствена работа која што ја штити Земјата да стане безживотна планета како Марс е магнетосферата (полето кое ја штити атмосферата и животот од опасната сончева радиација).

Но научниците предупредуваат дека во последно време магнетосферата се повеќе слабее, со што во потполност во наредните 500 години може да исчезне со што би дошло до промена на магнетните полови. Тоа веќе се случувало во минатото – геолошките податоци докажуваат дека магнетните полови се променуваат на секои 250 000 години. Во минатото северниот и јужниот пол се замениле пред околу 800 000 години, така што новата промена веќе доцни.

“ Во минатиот век северниот магнетен пол се повлекол за околу 1500 км” – изјави геофизичарот Конали Мек Ниокали од Оксфорд и додаде: “Во последните 150 години силата на магнетното поле ослабела за 10 проценти, со што би можеле да очекуваме и промена на половите.”

Иако последиците од ова случување тешко би се предвиделе, струњаците сметаат дека тие би биле енормно големи. Ако на Марс некогаш постоел живот, тој сигурно бил уништен од исчезнувањето на магнетното поле од пред 3.5 до 4 милијарди години. 

„Кога полето на Марс ослабело, соларните ветрови ја оддувале неговата атмосфера, а космичкото зрачење се зголемило и допрело до површината. Овие две  нешта биле лоши за евентуалниот живот на површината – или е уништен или морал да се пресели во внатрешноста на планетата“, изјавува Мек Николи.
Магнетното поле се  создава  со струењето на растопената лава во јадрото на Земјата, а на него влијаат магнетизираните карпи во кората.

Целиот процес на замена на половите трае од 3 до 5 илјади години, но меѓутоа според најновите истражувања преминот од денешната состојба во хаос би можело да се случи во наредните 500 години.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here