Тајната на темпларите

0
484

Тајната на Темпларите

Темпларите се веројатно едно од најинтригантните прашања на културата. Како ред основани се во деветнаесеттата година по првиот кризен поход (1096 до 1099 година). Во 1118 година, втемелувачот на редот, Иго де Пајен, отпатувал од Светата земја со намера да основа ред, чијашто задача ќе биде да ги заштитат аџиите на нивното патување во Ерусалим. Во 1128 година редот е службено потврден од папата Иносент Трети и е популаризиран ширум Европа, што е заслуга на опатот Бернард од Клервокс.

Две години подоцна Иго де Пајен се враќа во Ерусалим со нови членови на редот. Темпларите дотогаш броеле сила од 300 витези, кои биле познати по храброста во битките, но и скромниот живот. Наједноставно речено, темпларите станале редовни војници. За нивната висока репутација сведочи и тоа дека владетелот на Светата земја им дал цело едно крило од својот двор во Ерусалим за таму да престојуваат. Во тој момент почнува една од најголемите мистерии на западната цивилизација. Под нивното место за одмор „случајно“ се наоѓале остатоци од стар храм што изворно го изградил премудриот Соломон. Дали темларите случајно го избрале местото на кое биле сместени или тоа бил еден внимателно разработен план?

Да ги прескокнеме широките историски воведи, по големата побуна на Евреите под Римското царство (66 до 70 година од нашата ера), според некои извори тие чекале одмазда од римските легионери и многу драгоцености скриле во просториите на храмот што подоцна бил уништен. Затоа, може да се каже дека темпларите биле, всушност, средновековни трагачи за злато и драгоцености што се скриени во текот на воените опасности за време на еврејската побуна. Сепак, дали тоа е целата вистина?

Надгледувајќи ја историјата, не. Немало скриено драгоцености за да се спречи ограбувањето на Евреите, постоело нешто многу повредно – верски записи и изворни толкувања на верските науки од кои подоцна потекнало христијанството. Потоа, темпларите станале многу моќни. Интересни се случувањата што сведочат за нивната моќ. Кога Хенри Трети во 1252 година пробал да им конфискува еден дел од имотот, поглаварот дрско му одговорил дека ќе му прости на неговата „глупава“ изјава и ќе го остави да владее додека биде праведен! Нели е ова очигледен пример за делотворноста на организацијата, имајќи предвид дека Хенри Трети бил еден од најмоќните европски владетели? Треба да се додаде дека темпларите во тоа време имале цел монопол за производство на најнапредна воена технологија, поседувале болници и ја развивале медицината. Исто така, имале и трговска и воена флота. Тие му одговарале само на папата и само тој можел да им стави крај. Тоа веројатно им било во полза на многу европски владетели кои почнале да ги прогонуваат како еретици. Во Париз во 1310 година на клада се спалени 54 темплари. Дел од редот успеал да се спаси и избегал во Шкотска.


Што било причина за обвинувањето дека се еретици? Можеби некои од одговорите се наоѓаат закопани под капелата „Розлин“ во Шкотска, каде што се зборува дека се елиминирани последните темплари. Тие биле обвинети дека не му се поклонуваат на ликот на Исус како божество и што е уште поинтересно, последниот поглавар на темпларите во текот испитувањата од страна на инквизицијата воопшто не ги негира обвинувањата! Дали тие знаеле за христијанството и со векови ја чувале вистината што може да му наштети дури и на папата? Оваа вистина е веќе прифатлива. Доказите од древните ископини се непобитни. Во 1894 година Кралскиот контингент на инженери наишол на многу ископани ходници. Во текот на копањето најдени се и некои предмети (скршен мач, штит) за кои со сигурност се тврди дека се темпларски.

Логично е да се претпостави дека темпларите со своето истражување можеби случајно наишле на откритие што им придонело во афирмација на нивниот ред. Што се случило останува мистерија. Можеби едно од објаснувањата би можело да биде следново: неколку европски благородници, под маската на заштитници на аџиите, заминува во Светата земја и во тајност врши потрага по древната тајна, што ако ја пронајдат ќе им донесе неограничена моќ. Веројатно добро упатени во тоа што го бараат, не се откажувале и по десетина години неуспешна потрага. Нивниот водач Иго де Пајен, со материјални докази за нивното откритие, заминува во Европа, каде што со помош на опатот Бернард од Клервокс ги придобива европски моќници да се придружат кон новооснованата организација.

За во целост да ја сфатиме важноста што ова откритие ја имало во можноста да го промени погледот на христијанството доволно е да се проба да се размисли на начин како што размислувал средновековниот човек. Било тоа период на цврста догма што била камен-темелник на моќта на папата. Тоа е време непосредно по црковниот раскол во 1054 година, кога папата ја зацврстува својата внатрешна моќ во западнохристијанскиот свет.

Од таа причина на папата му одговарало да се создаде редовен свештенички ред, што ќе му одговара нему, а ќе биде огледало на неговата внатрешна моќ во секоја држава каде што постоеле темпларите. Ваквите заеднички интереси ја олесниле идејата на Пајен да создаде силна организација на строга хиерархија што во еден момент била во можност да ја земе в раце моќта на папата и да го врати христијанството на вистинските извори. Помалку веројатно е дека со своето откритие темпларите неколку столетија во рака го држеле врвот на католичката црква. Судејќи според сè, тие имале многу скриени намери, но не стигнале да ги остварат. Логична претпоставка би била дека во својата потрага по „Светиот грал“ како извор на бесконечна моќ, тие им оставиле подеднакви големи тајни на своите наследници.

Тајни за вистинскиот идентитет на Исус Христос и вистинската цел на неговата религија. Како реална потврда на ваквата претпоставка се наметнуваат и откритијата од пештерата „Наг Хамади“ (ракописи од брегот на Мртвото Море од првата година од нашата ера).

Тука станува збор за евангелието на Тома, каде што воопшто не се споменува Христос како чудотворец, туку како филозоф и мудрец. Само за напомена, Исус како божествен лик потекнува од четвртиот век од нашата ера кога таа одлука е донесена од страна на Советот на Никеја и оттогаш тоа се почитува како догма. Тоа се совпаѓа со мозаикот во кој Исус е припадник на сектата на Есените и филозофирал за Бог, но никако не бил божество. Со тоа ни Петар не е божествен намесник на Земјата, па така ни папата ја нема моќта во која ужива. Илустрацијата на моќ е тоа што единствено го чини папата – крал. Од сето тоа се гледа дека темпларите единствено со откритието на вакви докази за „вистинската“ Христова вера можеле да привлечат наклонетост на моќниците, но и омраза од католичките поглавари.

Колку е оваа приказна веродостојна можеби никогаш нема да се дознае, но останува трагањето по многу одговори што сè уште се непознати. Како во сето тоа се вклопуваат „црните мадони“ на кои и темпларите им се поклонувале, а со чии светилишта е преполнет Медитеранот? Постои ли каква било врска помеѓу старите келтски ритуали со оние што ги поседувале темпларите? И на крајот дали темпларите навистина исчезнале од историјата или се повлекле во „илегала“ и чекаат вистински момент да воспостават „нов светски поредок“?!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here