Тајната за морските сирени

0
1275
morski-sireni-mystodonia

Тајната за морските сирени

morski-sireni-mystodonia

Приказната за сирените е многу повеќе од интересна и започнува со едно сензационално откритие, кое што помеѓу Американските научници е чувано долго време како воена тајна. После неколку години од откритието американскиот научник Ричард Кар, експерт за морска биологија , одлучи да прозбори.

– На една песочна плажа во Флорида откриено е мртво тело на необично морско суштество – полу риба, полу човек. Ова креатура која би можела да се нарече “човеколика риба” или “риболик човек” , не упатува на  древните морски легенди според кои човекот излегол од морските длабочини и со текот на времето тој се населил на копното.

Доктор Ричард Кар на новинарите им покажал сензационална фотографија, која што на прв поглед би можела да биде и производ на добра фотомонтажа, експертите кои што ја анализирале, зачудено не успеале да ја потврдат и да ја демантираат нејзината автентичност.

Сега кога дојдовме до ова откритие , сосема е реално да поверуваме во приказните за заводливите морски сирени, кои што со својата песна и неодолив изглед им го привлекувале вниманието на древните морнари – изјавува доктор Ричард Кар.

Бројни сведоштва

Верувањето во морските сирени и морските суштества со натприродни моќи постојат во многу култури во светот. Старите Сумери , а подоцна и нивните наследници Бабилонците го обожавале морското боженство со име Енки или Еа, кое што е сочувано на една камена фреска до денешен ден , кое што било полу човек , полу риба. Тие верувале дека Еа го научил човекот на уметност и наука и поради тоа секое лето му принесувале дарови.


Грчкиот писател Лукијан во своето дело “За божицата Сирија” тврди дека во Феникија видел цртеж на семитската божица на Месечината која што била преставена како сирена – половина риба , половина куче. Во Библијата се спомнува и боженство кое што личело на риба во кое што верувале Филистејците , кое што се викало Дагон, а додека пак римскиот писател Плиниј Постариот (23 – 79) ја оставил зад себе оваа белешка:

“Јас сум во можност да ги спомнам моите писатели морски нуркачи кои што сведочат дека се од Тихиот океан и со секој дел од своето тело совршено потсетуваат на човек”.

Јапонската сирена позната под името Нингио имала витко тело и убавина која што на мажите им носела среќа. Во митологијата на Полинезија, Микронезија и Меланезија се појавува богот на морето Ватеа кој што е полу човек , полу делфин, а додека пак преданија на американските Индијанци  зборуваат за постоење на два вида на суштества: едно кое што се вика Нагас и има тело како на змија и глава како на човек, а друго кое што се вика Макара кое што е половина риба, половина цицач.

Во некои области од Јужното Кинеско море и ден денес се верува дека постои суштеството Хаихо Шанг со избричена глава, силни мускули и опашка на риба. За време на олујните бури тоа ги напаѓа и потопува морските бродови во длабочините каде што се храни со морнарите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here