Темната материја постои

0
733

temna-materija

Покрај Big Bang, според Максим Марќевич член на истражувачкиот тим од центарот за астрофизика Смитсониан во Хавард , темната материја е најголемото случување познато на човештвото.

Нивните забелешки даваат најдобри докази за тероијата на постоење на темната материја во вселената. И покрај значителните докази за постоењето на темната материја, некои научници предложија алетернативни теории за гравитацијата , каде што моќта на гравитацијата е посилна во интергалактички размери од предвидувањата на Алеберт Ајнштајн и Исак Њутн.  Меѓутоа, нивните теории не можат да ги објаснат ефектите кои што се предизвикани од овој голем космички судир.

“Универзумот во кој што доминира темната материја ни се чини апсурден, па сакавме да истражиме дали постојат некои пропусти во начинот на нашето размислување. Овие наши резултати се директен доказ кој што го потврдува постоењето на темната материја“ – вели Даг Клоу водич на оваа научна теорија од Универзитетот во Аризона.

Во галактичките јата, нормалната материја е составена од атоми кои ги  составуваат ѕвездите, планетите и апсолутно се на нашата планета,  и е најраспостранета во вид на жешки гасови и самите ѕвезди. Масата на жешкиот гас во просторот помеѓу галаксиите е неспоредливо поголема од вкупната маса на сите ѕвезди во сите галаксии на универзумот. Оваа маса на жежок гас ја држи масата на темната материја. Без темната материја, која што е невидлива и може да се открие само со набљудување  на влијанието на гравитационата сила, галаксиите се движат премногу брзо и врелиот гас кој што го исполнува просторот помеѓу нив премногу брзо се распостранува на сите страни.

 Истражувачкиот тим со помош на телескопот Chandra вршел истражување на галактичкото јато 1E0657-56. Ова галактичко јато е познато и под името “куршум” бидејќи содржи неверојатен облак на врел гас со температура од 100 милиони  целзиусови степени, и има форма на куршум и е еден од најжешките облаци со гас.

Покрај истражувањата со помош на телескопот Chandra, за оваа студија се користени и телескопот Hubble и телескопот VLT на Европската опсерваторија со цел да се одреди локацијата на масата во галактичките јадра. Ова е направено со мерење на ефектот на гравотационото сочиво, каде што гравитационата сила на галактичките јата ја искривува светлината на галаксијата во позадина како што се предвидува и во теоријата за релативноста  на Ајнштајн.

Облакот на жешкиот гас при судирот е успорен поради отпорот, кој е сличен на отпорот на воздухот. Темната материја при судирот не се успорува бидејќи таа не реагира директно со себе или гасот. На тој начин настанува раздвојување на темната и нормалната материја.

“Ова е податок кој што треба да го земат во обзир сите идни теории. Како што непречено ги поместуваме границите на сознавањето и разбирањето на природата на темната материја, овој нов резултат нема да може да се игнорира.” – вели Шон Керол, космолог и истражувач од универзитетот во Чикаго.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека Њутновите закони за гравитација на Земјата и Сончевиот систем функционираат на ист начин и се применуваат во голем број на галактички јата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here