Теорија на заговор: Слики од Марс поради кои многумина почнаа да веруваат дека постојат вонземјани

0
585

mars1

Роботското возило Кјутриосити собра докази за постоење на вонземјански живот на Марс – барем така тврдат теоретичарите на заговор, додека скептиците сепак сметаат дека станува збор само за камени со чуден облик.
Најмногу контроверзии покрена фотографијата која прикажува нешто што на прв поглед делува како жена која седи (иако во тој случај таа имала иста боја на кожа, коса и фустан).

mars2

Каменот кој лежи на површината на Марс премногу потсеќа на гуштер. Можеби станува збор и за вистински влекач, ако ги прашаме поборниците на оваа теорија на заговор.

mars3

Ако доволно верувате во она што го гледате, секоја втора карпа може да ви личи на некое животно.

На песочна падина е воочено нешто што со малку имагинација може да биде игуана.

mars4

Ако ова е навистина череп на вонземјанин, тогаш има многу широки ноздри и огромно чело.

mars5

Орбитер собирал чудни фотографии од Марс уште во 70-тите и 80-тите години. Оваа потекнува од јули 1976 година и се вика „Лицето на Марс“. Досега е најуверлив кандидат за автентично дело на „Марсовец“.

mars6

Освен облиците кои потсеќаат на гуштери, на површината на планетата од нашето соларно соседство се забележани и неколку срца. Може да биде случајност, но некои луѓе мислат дека преку срцињата Марсовците ни праќаат пријателска порака на нас Земјаните.

mars7

Извор: Tocka.mk

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here