Титаните

0
289

Титаните

Тоа се шестте синови и шестте керќи на Уран и на Геја. Уран ги мразел своите деца и на мајката Геја и забранил да ги изведува на светлината на денот. Затоа, Геја му подготвувала одмазда. Таа ги наговорила своите деца да се побунат против него и да го симнат од престолот. Откако успеале во тоа и Уран бил симнат од престолот, Кронос го завземал неговото место и станал владетел со светот, но во страв дека едно пророштво треба да се исполни и според него дека од престолот ќе го симне некое од неговите деца, тој ги голтал веднаш штом ќе се роделе. Но Реа успеала да го спаси токму најмладиот Зевс, криејќи го на еден остров и од кога тој пораснал ги повел олимписките богови против Титаните. На крајот боговите победиле и ги фрлиле Титаните во Тартар, кој е оддалечен од земјата толку колку што земјата е оддалечена од небото.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here