Тито имал контакт со вонземјани ?

0
419

tito-vonzemjani

Во 1969-тата година, на Бриони, НЛО застанало над лидерот на СФРЈ, додека два авиони од типот MiG исчезнале.

Претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз имал блиска средба со неидентификуван летечки објект и неговиот екипаж во 1969-тата година на Бриони. Според тој весник, приказната за Тито и вонземјаните се уште е на ниво на легенда, но хрватските научници веќе долго време собираат документација за тој настан, па набрзо ќе може да кажат дали вестта е веродостојна.

Без страв

На 30 август 1969-тата година, во околу 20 часот, одненадеж се појавил неидентификуван летечки објект, кој летал на околу 300 метри над аеродромот во Пула, па мајорот, именуван само како Јанда, издал наредба за општа паника. Дури 300 метри долгото летало не испуштало никаков звук, а неколку лица дотрчале до платформата, очекувајќи дека ќе стапат во контакт со неговиот екипаж. Само неколку моменти подоцна, кон НЛО-то била истрелана ракета, но проектилот бил уништен при ударот. Притоа две лица биле повредени.

Кратко потоа, НЛО-то се упатило кон Бриони и застанало на само 500 метри над Јосип Броз Тито. Претседателот на СФРЈ не сакал да се повлече во скривница бидејќи верувал дека станува збор за трик и дека не се наоѓа во опасност. На пилотите им било наредено да не пукаат, за да не му се случи нешто на Тито.

Дури по пет минути Јанда ја преземал одговорноста и издал наредба авионите да истрелаат проектили за предупредување кон НЛО-то. Леталото продолжило кон Италија. Сепак, авионите истрелале нови проектили, а тоа се покажало како фатална одлука. Според легендата, во следниот момент исчезнале двата авиони од типот MiG, а леталото го продолжило својот пат кон Италија.

НЛО било срушено во 1966-тата година

Тито на тоа реагирал бесно бидејќи од првиот момент се противел на напад кон НЛО-то, а Јанда морал да напише голем број извештаи и за малку не завршил на воен суд. Покрај тоа, постои и приказна која вели дека едно НЛО се срушило во Југославија во 1966-тата година и дека Тито располагал со слична технологија како на вонземјаните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here