Толкување на соновите: Бои

0
347

Толкување на соновите: Бои

Боите во соништата најчесто се израз на емотивна состојба. При толкување на боите во соништата треба да ги земете во предвид личните и посебните врски на луѓето со боите. Сепак еве неколку универзални значења за боите во соништата.

КРЕМ – укажува на неутрална положба на луѓето или објективност во одредени ситуации.
ЦРНА – симболизира несвесност, непознатост, опасност, мистерија. Бојата ве тера да се преиспитате, што води до подобро разбирање на себеси. Црно-белите сништа сугерираат дека треба да внесете објективност при формирањето на одлуките.

СИНА – претставува вистина, мудрост, рај, верност, лојалност и отвореност. Присуството на оваа боја во сонот симболизира духовен водич и оптимизам за иднината, како и желба за патување. Ако во сонот носите светлосина облека, таа ја симболизира вашата креативност.
КАФЕАВА – означува религиозност, практичност, блаженство, конзервативизам и материјалистички карактер. Ви сугерира дека треба да се вратите на своите корени.
ЗЛАТНА – оваа боја е одрза на духовна награда, богатство и унапредување на својата околина. ја покажува и вашата одлучност и непопустливост.
СИВА – покажува страв, депресија, збунетост. Веројатносе чувствувате емоционално изолирани и дистанцирани.
ЗЕЛЕНА – ги покажува позитивните промени, доброто здравје, плодност, надеж, мир и спокојство. Алтернативно, таа е метафора за недостатокот од искуство во некоја област. Да се биде зелен значи да си еколошки свесен. Зелената е симбол на вашите настојувања да воспоставите независност.
РОЗОВА – симболизира љубов, радост, среќа и добрина. Алтернативно подразбира незрелост или слабост, особено ако се раоти за љубовно прашање. ако не ја сакате бојата можно е да поминувате низ проблеми со родителите и неможност да сеосамостоите.
ЦРВЕНА – ја покажува силата, енергијата, интензивната страст, агресивноста, храброста и импулсивноста. Можеби треба да застанете и да размислите за некои свои постапки.
ЖОЛТА – може да има позитивни и негативни значења. ако сонот е добар, жолтата боја е симбол на интелект, енергија, агилност, среќа и мудрост. Обратно, таа претставува срам, неверство, измама, кукавичлак и болест. Вие имате страв да донесете одлука или да преземете акција. Со вашата желба да им угодите на другите ги ризикувате сопствената среќа, потреби и желби.
БЕЛА – претставува чистина, совршенство, мир, невиност и нов почеток. Го означува будењето и новиот поглед на животот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here