Вампирот во македонските преданија и легенди

0
436

Вампирот во македонските преданија и легенди

Ликот на вампирот во македонските верувања и во усната проза воопшто e еден од најнепрочуените демонски суштества, како од етнолошка, така и од фолклористичка страна, иако располагаме со богат материјал од XIX век и со материјал собран во наша современост. Материјалот собран во последните години сведочи за живоста на овој лик и дозволува споредбени студии од кои можат да ce проследат верувањата на нашиот народ во еден период од околу еден век и промените што настанувале во тој период, во прв ред во однос на верувањата во вистинитоста на постоењето, односно непостоењето на овој лик. Во тој контекст можат да се најдат основните промени што настанувале во верувањата и во митските преданија за вампири. Исто така преку нив можат да ce согледаат сличностите, односно разликите помеѓу верувањата на нашиот народ и верувањата на другите словенски и балкански народи, како и начинот на создавање на митските преданија за вампири кај соодветните народи и нивните заемни проникнувања.

 

Најверојатно првите записи за вампири му припаѓаат на познатиот македонски собирач на усното творештво Марко К. Цепенков, и повеќето од нив ce однесуваат на верувањата во Прилеп и Крушево. Меѓутоа, верувањата во вампири несомнено биле раширени во сите краишта на Македонија. Марко Цепенков дел од своите материјали ги објавувал во познатото софиско издание Зборник за народни умотворби и книжнина, a во 1972 година неговото целокупно собирачко дело e објавено од Институтот за фолклор од Скопје. Тоа ce верувања и преданија, создадени врз основа на доживувањата на одделни луѓе, коишто доаѓале во контакт со вампирите. Важноста на овие верувања и преданија за проучувањето на македонската демонологија e очигледна. Нивната вредност ce зголемува со мајсторските описи и анализи на собирачот, на непријатните доживувања на луѓето кои ce сретнале со вампири и сл. Тоа од друга страна влијае и врз уметничкото, односно естетското обликување на овие творби. И ако се направи споредба меѓу материјалите на Марко Цепенков и оние собрани во наше време, ќе забележиме дека во тематски, содржински и естетски поглед не постојат скоро никакви посебности. Во Македонија во меѓувоениот период работеле ред етнолози и фолклористи кои меѓудругото, забележале и верувања и преданија за вампири. Тука се мисли воглавно на некои српски истражувачи коишто работеле на територијата на денешна Р Македонија. Нашата наука, како етнолошката, така и фолклористичката, на ликот на вампирот и на преданијата за него нема посветено речиси никакво внимание. Во последно време македонски преданија за вампирите ce објавени во Бугарија и тие потекнуваат од територијата на Пиринска Македонија.Според народното верување, во текот на животот душата и телото на човекот чинат неразделна целина, иако постојат верувања за само привремено напуштање на душата на телото. Ce верува дека душата може привремено да го напушти телото и тогаш постои опасност во него да ce вселат лоши духови. Сонот исто така ce толкува како привремено отсуство на душата. Вечниот сон, односно конечното напуштање на душата, народот го смета за синоним на смртта. Co постепено распаѓање телото исчезнува, додека душата, која претставува негов невидлив и нематеријален дел, која e вечна и бесмртна, само ја менува својата состојба. По телесната смрт душата заминува во некој непознат свет наречен „друг свет”, „оној свет”. За човек којшто умира ce вели: „Ce разделува од душата”, „ја испушта душата”. Душата на мртвиот ce смета за дух или сенка, која своето седиште го има во гробот, но која понекогаш го напушта за да ги посети местата, каде што живеела пред тоа, за да види што прават и какви потреби имаат блиските. Душите на мртвите, посетувајќи ги своите блиски, вршат лоши односно добри дела.


 

 

Според тоа, можеме да издвоиме добри и лоши души. Добрите души обично ce душите на претците. Тие, доколку ce во можност, прават добро на своите потомци. Потомците со душите на своите претци редовно одржуваат врски. Оттука и бројните помени што ce даваат за душите на умрените, бидејќи ce верува дека времето додека душата ce смести на „оној свет” може да биде долго, a на тој пат владее жед и глад. Co „нечистите” души ситуацијата e сосема друга. Тие не носат ништо друго, туку само зло. Нечисти души стануваат луѓе коишто вршеле големи зла за време на својот живот, но, исто така, нечисти души можат да станат и луѓе што го изгубиле животот со насилна смрт или во околности кои не зависат од соодветната душа. Душите на овие умрени ce озлобени и ce враќаат назад со намера да им наштетат на луѓето. На шестата недела ce вика поп за да ја отпее душата. Ако во моментот на отпејувањето душата e во гробот тогаш не постои опасност да стане вампир или гробник, a ако не ce наоѓа во гробот таа засекогаш ce претвора во вампир или гробник. Според некои верувања, секој човек e потенцијален кандидат да стане вампир или гробник, но како што е истакнато лошите, злонамерните, злобните и грешните луѓе ce оние што најмногу стануваат такви суштества. Поради тешките гревови, во многу случаи таквите луѓе земјата не ги прима и тогаш тие стануваат вампири или гробници. Познат мотив во фолклорот на многу народи, a кај нас меѓудругото сврзан со името на Марко Крале, кој поради предавство ја проколнал својата сестра да не ја прима земјата. Клетвата на Марко ce исполнила и земјата девет пати го исфрлила нејзиното тело. Предавството, според народот, ce смета за еден од најголемите гревови.
Верувањата во вампири, несомнено, ce вкоренети од дамнешните времиња. Во верувањата на словенските народи вампирот ce јавува во два вида: 1. Како дух на умрениот човек – таквиот вампир e невидлив; 2. Како жив труп, односно како труп оживеан од сопствениот дух. Верувањата во вампири ce познати кај сите словенски народи како што покажуваат и заедничките имиња за овие замислени суштества. Кај Македонците познати ce различни називи на овие демони: во Гевгелиско – вампирин, во Охрид – вопер, гробник, во Преспа – вопир и сл. Поимот гробник, според некои верувања, e друг тип на демонско суштество, но сепак слично на вампирот. Според тоа, имаме два вида на демонски суштества од овој тип: вампири и гробници. Македонското име вампир, според Кажимјеж Мошињски, преминало кај Србите и Хрватите. Кај словенските народи постојат разни имиња во однос на ова демонско суштество. Кај Великорусите и Украинците тоа замислено суштество ce нарекува упир или вапир, вепир, вампир. Кај Белорусите вупор, кај Чесите упир или влходлак. Кај Полјаците вампир или упјур, од рускиот упир. Кај Србите постои името вампир, додека кај динарските Срби вообичаено име за ова суштество било вукодлак. Во Тимок и некои делови во Црна Гора ce вика тенац. Кај Бугарите вампир, вапир. Верувањата во вампири ce споменуваат во Несторовата хроника од XI век, a во Душановиот законик, според членот 20, e предвидена казна за тие што ги ископувале и ги спалувале труповите на умрените луѓе, поради уништување.  Колку што ни e познато, засега во Македонија не постојат записи за верувања сврзани со појавата на уништување на вампири, како што тоа e случај кај другите словенски народи. Како прилог на погоре кажаното може да се посочи и мислењето на Џон Лоен дека вампирот e изум на Словените, како што ѓаволот e изум на христијанската религија.


Посебно внимание во словенските верувања за вампиризам ce посветувало на превентивните мерки за да ce спречи настанувањето на вампирите. Словенските народи знаеле и употребувале разни мерки што ce преземале за умрениот, за кого ce мислело дека може да стане вампир, да не ce повампири. Применуваните начини биле едноставни, a во некои случаи ce среќаваме и со палење на мртвото тело. Многу често, ако тоа било изводливо, едновремено ce користеле неколку методи, како на пример: трупот ce носел на мочуриште и таму ce фрлал или ce погребувал на раскрсници, гробот ce посипувал со камења; трупот ce обрнувал со лицето надолу, во неговиот ковчег ce фрлал мак и ставал внатре срп или коса; под јазикот му ce поставувало камче или паричка, на плеќите му ce врзувале прстите на двете раце до себе, му ce подсекувале петите, или му ce пресекувале под колената мускулите (за да не може умрениот да оди), a честопати ce случувало — на мртовецот да му ја отсечат главата и да му ја стават на нозете, или на стомакот во околината на папокот; со колец му ги пробивале срцето или главата. Во некои места тоа го правеле со клинци, пробивајќи ги длабоко во челото. Кај нас во Македонија, во некои места, како на пример, во Скопска Црна Гора, еден од домашните на мртовецот му заковувал клинец во петата. Во собата каде што лежел мртовецот, на земјата или на подот под него исто така заковувале клинец. Исто така со покривка ce покривало ce што e од стакло во собата: огледалата, a во поново време телевизорот и радиото.
Според македонските верувања во вампири, постојат разни причини што влијаат врз човекот да стане вампир. Во прв ред, тие ce поврзани со начинот на животот на човекот ce додека бил жив, тоа значи ce елементи, пред ce што зависат од самиот човек, и второ, елементи што не зависат од човекот, односно од мртовецот. Поради тоа, вампир можело да ce стане своеволно и на недоброволен начин. Во првата група спаѓаат големите грешници, кои за време на својот живот воделе грешен живот или влегувале во разни контакти со вампири. Втората група ce мртовците кои преку некои елементи независни од нив станувале вампири, на пример: биле прескокнати од животно додека ce наоѓале во својата куќа, пред да бидат погребани. Оттука ноќно време мртовците ce чуваат од нивните најблиски. Второ, преку мртвиот луѓето си подавале разни предмети; трето, тагата по своите најблиски, обично кон жената и децата; четврто, мртвиот не ги исполнил своите животни обврски, тоа значи дека не оставил потомство. Тоа ce основните причини за појавата на вампири, но покрај нив постојат и ред други кои ce cpeќаваат само во определени средини, на пример: луѓе со „лоши очи”, или пак во минатото во даденото село немало камбани да бијат, пa затоа мртовците станувале вампири. Поради овие причини, вампирите ги напуштале своите пребивалишта и од „оној свет” доаѓале во светот на живите. Тука очигледна e опозицијата оној свет/овој свет.


Преданијата за вампири ce создадени врз основа на лични „доживувања” на луѓето. Од другите жанрови на усната проза тие ce разликуваат со својата тенденција за веродостојност на релацијата раскажувач – слушател. Во светот на раскажувачите и слушателите по правило тие живеат на автентична подлога, иако во центарот на нивното интересирање ce наоѓа рационално непроверлива појава, која бара од своја страна верување. Овие преданија по својата суштина претставуваат литературна илустрација на народните верувања, кои, пак, како резултат на настанатите преобразби и културолошките процеси трпат промени, a некои дури и исчезнуваат; а со тоа ce разбира, ce менува и нивното литературно пренесување.
При проучувањето на митските преданија воопшто, важно e прашањето на нивната класификација. Се смета дека ова прашање e едно од најсложените и фолклористиката барем засега нема дадено некој поприфатлив одговор. Во право e полската истражувачка на митските преданија Дорота Симонидес кога нагласува дека тематиката на овие раскажувања e толку разновидна што ce лишува од секакви обиди на класификацијата. Тоа ce раскази за духови коишто страшат, раскази за разни знаци, што претскажуваат смрт, раскази за суштества коишто ce покажуваат на јасно определени места и во одредено време и сл. Голем дел од овие раскажувања ce скоро класични фолклорни текстови, кои веќе со години му припаѓаат на историскиот репертоар на митските преданија. Тие ce однесуваат на оние сфери на животот за кои во нашата современост ce интересира парапсихологијата. Го отсликуваат нашиот контакт со суштества од другиот свет. Без оглед на тешкотиите што ги предизвикува класификацијата на овие раскажувања врз светската фолклористика постојат такви обиди. Некои ce од меѓународен карактер, a некои од национален. Третата група, според оваа класификација, ги опфаќа преданијата за натприродни суштества и сили, односно митски преданија, преданијата за „нечисти” места и вампири. 
Митските преданија за вампири во денешно време ce најмногу распространети и најпопуларни во споредба со другите демони, на пример: со преданијата за самовили, змејови или ѓаволи. Интересно e прашањето на што ce должи овој факт? Меѓу разни истражувачи на митските преданија за вампири, постои мислење дека тие ce раскажуваат во такви размери поради тоа што луѓето тежнеат да доживеат нешто таинствено, ирационално, нешто што би им дозволило барем за момент да излезат надвор од рамките на својата егзистенција, на сопствените можности. Желбата на човекот да ce сретне со трансцедентални појави, како што ce демоните, a особено вампирите кои доаѓаат на овој наш свет од друг свет, непознат на човекот, треба да им донесе на луѓето специфични доживувања, кои како што покажува стварноста на човекот му ce потребни. Потребата од силни доживувања ce смета за објективно својство на човечката психа.


Врз основа на расположливиот материјал собран од повеќе региони можат да се издвојат неколку типа на вампири, земајќи ја како појдовна точка нивната дејност, откако ќе ce појават во светот на живите. 
1. Вампир – сопруг, односно сексуален партнер
Суштината на овој тип на вампир e одржување на сексуални контакти со својата жена, односно продолжување на „љубовта” на маж и жена со цел да ce добие потомство, коешто не e добиено за време на животот на мажот. Тука веќе љубовта не e взаемна. Жената го прифаќа својот бивш сопруг не поради љубов, туку поради страв. Таа секогаш e спремна да ce ослободи од него и при првата можност го прави тоа. Од таквата врска ce добива дете, кое всушност станува вампирџија. Основната особина на вампирот сопруг или сексуален партнер e во тоа што кога лежи до својата жена неговото тело e ладно. Ладното тело тоа e всушност знак за распознавање на вампирот.
2. Вампир – домаќин
Таквиот тип на вампир спаѓа кон таканаречените добри вампири, кој на своето семејство му помага во одгледувањето на стоката, го снабдува со пари и облека, му помага при полските работи и сл. Тоа ce во прв ред вампири коишто своите семејства ги оставиле во сиромаштија, со мали деца. И овој тип на вампир не e пожелен во неговото семејство и неговите блиски ce лишуваат од него. И тука причината за прифаќање на таквиот вампир e стравот.
3. Вампир-штетник
Вампирот штетник e најпознатиот тип на вампир. Всушност наЈголемиот дел од преданијата му ce посветени токму нему. Тој им штети на своите најблиски и подалечни луѓе, кои честопати средбата со таквиот вампир завршува со нивна тешка болест или смрт. Тој им штети на нивниот имот и добиток.
4. Вампир – касап
Појавата на вампирот – касап e мошне интересна. Неговото потекло најверојатно e поврзано со верувањето дека вампирот ужива, a всушност и живее од пиење на крв, ce разбира, најлесно крв наоѓа во касапниците каде што ce вработува како касап. Ете како илустративно овој тип на вампир го опишува народниот раскажувач: „Дотерај волови, заколи го волот, капка крв наземи не капнува. (…) дотерај овци, заколи крави, капка крв нема наземи да капне.” Според тоа вампирот касап прво им ја испивал крвта на животните пa потоа ги колел. Касапницата била најсигурното место каде што можел безбедно да живее вампирот, ce додека ce разбира, не бил откриен од неговите познати. Откривањето ce потврдувало со боцкање на прстот со нож. Тогаш вампирот целиот ce истурал. Вампирот – касап всушност му припаѓа на групата на таканаречените добри вампири. Тој на човекот не му нанесува никакви штети, неговата дејност единствено e поврзана со касапницата, каде што наоѓа место и можности да задоволи некои свои предиспозиции.
5. Вампир – животно
Вампирот ce појавува во својата куќа и e прифатен од своето семејство како нормален човек. Тој врши разни дејства, обично им помага на домашните во одгледувањето на стоката и при некои полски работи. Овој тип на вампир ја има можноста за второстепена трансформација. Во најповеќето случаи ce претвора во куче или волк и како таков ce открива.
Проучувањето на верувањата за вампири и преданијата за овие митски суштества e мошне важно како од етнолошки аспект, така и фолклористички. Проучувањата треба да одат паралелно, бидејќи само на таков начин тие можат да бидат целосно и сеопфатно анализирани и ce разбира, да одговараат на современите барања на научните истражувања. Митските преданија сочинуваат една целина: етнографско-фолклорна и секое парцијално истражување не може да биде во состојба да ја одрази суштината како на верувањето, така и на фабулата, изградена врз основа на верувањето. Според тоа, секое митско предание содржи неколку полиња, кои помеѓу себе семантички ce поврзани. Во конкретниот случај можеме да издвоиме неколку основни семантички полиња, и тоа: етнографско (верувањето), фолклорно (фабулата), географско (местоположбата на дејството), религиозно (заштитните средства од вампири), народна медицина (начинот на лекувањето на човекот кој ce разболел по средбата со вампирот) и сл.
Таквиот пристап поцелосно ни овозможува да го разбереме и сфатиме народното гледање на постоењето на вампирите, на контактите на човекот со нив и нивното доживување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here