Вежбајте според хороскопот

0
274
veybanje-horoskop

Вежбајте според хороскопот

veybanje-horoskop

На водените знаци им одговараат вежби во вода, на воздушните воздух во грбот, огнените знакови треба да се загреваат повеќе, додека на земјените, спортот на отворено.

Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, астрологијата може да ви помогне. Зависно од хороскопскиот знак, некои вежби ви помагаат повеќе или помалку.

 

ОВЕН – Пијте многу вода. Како огнен знак, мастите ги согорувате преку течност, па затоа ви треба повеќе вода за разлика од другите личности. Практикувајте интезивни вежби и погрижете се убаво да се испотит. Пливање, качување на планина и трчање во природа се одлични за вас.

БИК – Имате бавен метаболизам, па интензивното градинарство е одлична активност за вас. Голфот, исто така, не е лоша опција. Можете да пробате со танц, тоа ќе го истакне вашето одлично чуство за ритам. Во секој случај морате да се придржувате до редовно вежбање и едноставна програма.

БЛИЗНАЦИ – Вие сте постојано во движење и нервите ви работат со сто на саат. Поради тоа, морате да се релаксирате. Јогата во целост ќе го промени вашиот живот. Слаба точка ви се белите дробови, и морате да вежбате длабоко дишење.

РАК – За вас се наменети вежби кои можете да ги практикувате во домашни услови. Инвестирајте во неколку тегови. Бидејќи со вашиот знак раководи водата, пливањето, особено грбното е одличен спорт за вас. Задолжително практикувајте вежби за зацврстување на стомачните мускули, за да ја балансирате вашата слабост кон благото.

ЛАВ – Секоја вежба која го покажува вашето гламурозно- тело е одлична за вас. Полни сте со енергија и одлично танцувате. Сепак, не заборавајте на попладневната дремка. Комбинирајте аеробни вежби и одмор.

ДЕВИЦА – Секојдневните долги прошетки се совршена вежба за вас. Забавете го вашиот премногу активен мозок најмалку два пати дневно со релаксација или медитација. Најдобар спорт е пливањето, а вежбите мора да бидат детално испланирани и структурирани.

 


ТЕРЕЗИЈА – Земете ги предвид вашите падови и подеми. Наутро ви требаат лесни вежби, особено тие за истегнување, додека навечер најдобра опција е танцување и аеробик. Заморот и исцпеноста доаѓаат од премногу јаглехидрати и премалку вода.

 

СКОРПИЈА – Вие сакате напорни и тешки тренинзи уште од самото утро и едноставно го завршувате тоа што другите не можат ни да го почнат. Тоа ве прави совршен кандидат за маратон. Внимавајте да не ги користите фитнес-предизвиците за да се скриете од своите чуства. Консумирајте храна со малку масти.

СТРЕЛЕЦ – Најдобри спортови за вас се трчање, пешачење, јавање, тенис и стрелаштво. Вие буквално можете да се разболите ако не вежбате доволно. Ваш проблем е премногу краткото дишење. Почнете со јога за да научите да земете длабок здив.

ЈАРЕЦ – За вашиот знак не се препорачуваат напорни вежби, бидејќи најслаба точка ви се колениците. Трчањето заменете го со одење или пливање.

ВОДОЛИЈА – Вас најмногу ви одговараат невообичаени вежби и спортови на отворено како што се сруфање, скокање со падобран, параглајдерство и слично. Сакате вежби кои ви овозможуваат да се изразите, како на пример танц-аеробик.

РИБИ – Морате да бидете внимателни со задржување на водата и подуеност. Пијте вода, а не сокови, спијте доволно, внимавајте со нозете и пробајте Таи чи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here