Вистинската приказна за Филаделфискиот Експеримент

0
66

Во јули 1943 година, американската морнарица, заедно со д-р Френклин Рено спроведе тест на Американскиот Разурнувач USS Eldridge кој е познат како  експериментот Филаделфија.

Експериментот е базиран врз теоријата за релативноста на Алберт Ајнштајн, и беше обид да се направи брод практично невидлив за било кој непријателски радар и имун на магнетнните мини.

ВО ЈУЛИ 1943 СЕ СЛУЧИ БИЗАРЕН СИНЏИР НА НАСТАНИ …

Бродот беше опремен со два генератори, магнетни калеми и засилувачи што му овозможија да создадат синхронизирано електромагнетно поле кое теоретски би ги пренасочило радио и светлосните бранови околу бродот, со што Разурнувачот би бил невидлив за непријателот. Ако тестот бил успешен, со тоа би се создало супериорно оружје за тоа време. Сепак, неуспешниот експеримент се покажа дека е повеќе катастрофален отколку што некој можел да замисли.

На 22 јули, денот кога започна експериментот, следеа неочекувани и бизарни настани.  Сведоците тврдат дека водата што го опкружувала бродот почнала да се претвора во меури проследена со зелена магла која што за брзо време го опфатила целиот брод, со што тој за неколку секунди бил невидлив за радарите и со нормален поглед.

Елдриџ бил забележан на 600 километри од базата на морнарицата во Норфолк, Вирџинија, неколку минути пред да се врати на неговата оригинална локација. Но за времето додека траел експериментот екипажот доживеал катастрофално несакани ефекти.

ЧОВЕЧКИ ТЕЛА ОД ЕКИПАЖИТ ВГРАДЕНИ ВО МЕТАЛОТ 

Сведоците тврдат дека експериментот оставил тела на членови на екипажот вградени во металот на огради и палуби на бродот, некои мажи се запалиле, а некои едноставно исчезнале. Останатите членови од екипажот се здобиле со физички и ментални болести,  дезориентирани и навидум исчезнати надвор од реалноста. Откако тимот на американски и германски научници ги виделе ужасните последици од нивниот експеримент, сите понатамошни истражувања за радарската невидливост биле откажани.

Преживеаните членови на екипажот биле отпуштени и етикетирани како ментално неспособни за должност, а некои дури веруваат дека Морнарицата користела и техники за перење на мозокот за да ги задржи мажите во мир за нивното доживеано искуство.

До ден денес, американската морнарица сè уште негира за експериментите кои се случиле и ги уништиле сите записи на Елдриџ. Сепак, сведоците и неколкуте преживеани членови на екипажот цврсто се држат со нивната верзија за ужасните настани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here