Во декември вооружен конфликт на Балканот, а во 2014 година трета светска војна

0
241
globo

Во декември вооружен конфликт на Балканот, а во 2014 година трета светска војна

globo

Познатите руски астролози и парапсихолози се собраа пред неколку дена и разговараа на тема што не чека во иднината. Но она што го претскажаа не ни носи баш светла иднина.

”Феноменот кој што се нарекува финансиска криза, според верувањата на многумина, воопшто не е финансиска криза. Тоа е тежок предзнак на кризата која што доаѓа, и ќе не затекне во иднина”, изјави на почетокот на состанокот астрологот Алексеј Колов.

Најимпресивна прогноза дал астрологот Павел Глоба. Тој рекој дека последното помрачување на сонцето ќе се случи на 10 декември, и дека тогаш ќе дојде до вооружен конфликт на Балканот, а терористите ќе подметнат бомба на церемонијата на доделување на Нобелови награди.

Познатиот руски астролог оваа година ја споредил со 1939 година кога започнала втората светска војна. Тој открил дека во март 2014 година во текот на зимските олимписки игри во Сочиј или неколку дена од кога ќе завршат ќе започне третата светска војна. Глоба не кажал во која земја ќе започне војната.

Во блиска иднина, тврдат астролозите, ќе дојде до голема револуција во Сирија и Јемен. Алжир ќе биде најсреќната земја, бидејки во неа нередите нема да траат долго.

”Ги проучував хороскопите на лидерите во регионот. Алжирскиот претседател е единствен кој вооопшто нема харизма. Тој мирно ќе си отиде од власта,  па дури ќе му дадат јахта и вила. Што се однесува до Муарем Гадафи, никој не знае кога е точно роден – 1937, 1940 или 1942. Но ако е точен барем датумот на раѓањето и ако навистина се родил на 7 јуни тој ќе умре на својот роденден. Во близина на тој датум ни следи и едно помрачување” –  вели Глоба.

Медведев е цар , а Путин војвода.  Андреј Дондуков рекол дека Димитриј Медведев ќе остане главен на цела Русија.

”Путин е борец. Тој е војник, а Медведев вежба јога. Тоа се потполно два типа на различни мажи. Путин е хоризонтален тип – а тоа се војници, а Мемдведев е вертикален тип – и они тежнеат кон духовен раст.  Медведев е вистински цар, а Путин е само војвода“ – заклучил Дондуков.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here