Зошто веруваме во Бог и религијата?

0
711

religija-bog

Расправата за тоа дали верата е биолошки или социолошки феномен сеуште трае. Научниците неуморно се обидуваат да ја пронајдат причината за верување во Господ, но ниту најновите истражувања не се на траг до вистинското решение.

Научниците кои трагале за ‘Божјата точка’ во мозокот успеале да пронајдат три подрачја кои ја контролира вербата во Господ.

Во студијата во која учествувале 40 испитаници – христијани, муслимани и будисти – покажала дека секогаш се активира едно од тие три подрачја во мозокот, кога од испитаниците ќе се побарало да кажат некоја нивна молитва или кога ќе бидат прашувани религиски и морални прашања.

Магнетната резонанца открила дека станува збор за подрачје во мозокот кое го користиме секојдневно за интерпретирање на чувствата и намерите на другите луѓе.

‘Тоа покажува дека религијата не е посебен случај во системот на верувања, туку се поврзува со другите верувања и социјално-когнитивни координации’, вели Џордан Графман, когнитивен невронаучник од National Institute of Neurological Disorders and Stroke во Bethesdau (Maryland).

Научници, филозофи и теолози и понатаму расправаат за тоа дали верувањето во Господ е биолошки или социолошки феномен.

Некои теоритичари за еволуцијата веруваат дека вербата во Господ им помогнала на нашите предци да преживеат во тешките услови кои ги имале порано. Други веруваат дека вербата произлегува од структурата на јако прилагодливиот мозок.

Во последната студија научниците го скенирале мозокот додека единката размислувала за Божја интервенција во нивниот живот, Божја емоционална состојба и Божја казна.

Во двата случаи биле активирани делови од мозокот кои имале и свои нерелигиски функции.

‘Кога е во прашање мозочната активност, нема некакви посебни реакции’,

Подрачјата кои се активираат кога ќе помислиме за своите верски ставови се поклопуваат со оние кои се активни за време на испитување на политички и морални ставови.

Д-р Andrew Newberg, директор на Centre for Spirituality and the Mind при Универзитетот во Пенсилванија, смета дека ова било уште едно истражување со кое не успеале да пронајдат специфична структура во мозокот поврзана со вербата во Господ.

‘Верата има низа различни аспекти кои не може да се откријат со магнетна резонанца’, смета тој. вели Графман.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here